Татко тајно донираше бубрег за својот син: Не сакав да си го закопам детето

Добивај вести на Viber

Скот Морлен не му кажал на својот син Левис дека се регистрирал за донор на бубрег бидејќи знаел дека неговиот син ќе го одбие бубрегот на својот сакан татко

Левис уште од мал се борел со проблеми на бубрезите, од својата 11-та година, а од 17 години му е диганостицирана болест на бубрезите - нефропаталија LgA.

Со таа состојба живеел скоро цело десеттолетие, додека минатата година престанале да функционираат неговите бубрези. 

Левис мораше да зема лекови за спуштање на крвниот притисок, но сепак успеваше да работи 12 часа во смени и да игра рагби во слободно време. Меѓутоа минатата година, кога се пресели во Вортинг во Сусекс, неговото здравје се влоши.

По рутинската контрола на крв, резултатите покажале дека паднала функцијата на бубрезите, а висината на калиумот, креатининот и уреата била далеку превисока.

Бубрежната функција на Левис била замо девет посто. Ако човекот има здрави бубрези, бубрежната функција е 100 посто, а ако падне под 15 посто, пациентот мора да прави дијализа или трансплатација.

Докторите се обидоа да ја контрлираат оваа состојба со дијализа, на која Левис дневно поминуваше по неколку часа.

- Пред татко ми да ми го даде бубрегот, јасно беше дека мојата состојба се влошува од ден во ден- вели Левис.

Одбивајќи „да го закопа“ својот син, таткото на пет деца, Скот се пријави да стане донор на бубрег, а не му кажа ништо на својот син. Поминал 15 тестирања за да се потврди дека е компатибилен донор.

Скот открил дека е донор на месец пред трансплатацијата, а сега осум недели по успешната шестчасовна операција, двајцата се чувствуваат добро. 

- Кога тато ми кажа дека ќе ми го даде својот бубрег, бев во тотален шок- вели Левис.

- Левис инсистираше никогаш да не земе орган од жив донор, па морав да го направам тоа позади неговиот грб. Кога му кажав плачеше како петгодишно дете, почувствував дека се врати она мое мало момче- раскажа таткото и објасни дека одлучил да му ја соопшти веста пред трансплатацијата во случај нешто да не биде како што треба.

- Неверојатно сум благодаран за тоа што татко ми го направи. Кога ќе имам деца ќе направам се што можам за нив, како тој што направи за мене. Беше сосема несебичен и ми го спаси животот- додава.

Левис едвај чека да се врати во својот нормален живот и да ги промени работите кои му недостигале.


Извор: 24сата.хр