Татко за пример: Андрија Милошевиќ му напиша емотивна песна на синчето Реља

Добивај вести на Viber

Андрија Милошевиќ со емотивна песна за синот Реља

Познатиот српски актер Андрија Милошевиќ е навистина внимателен татко. Имено тој ретко објавува фотографии со синчето, но овој пат направи исклучок и објави фотографии од наследникот за кои во описот напиша и емотивна песна односно песната на тато за Реља.


Ја видов твојата сенка

долго пред твоето пристигнување.

Мислев дека сонувам.


Случајно ја гушкав среќата

долго пред твоето пристигнување

Почнав да пеам.


Сретнав радост во минување,

долго пред твоето пристигнување

ми процвета душата


Знаев дека доаѓаш ти доаѓаш

долго пред твоето пристигнување

планетата се вртеше побрзо.


Твојот лик го цртав,

долго пред твоето пристигнување,

Знаев како изгледаш.


Толку те засакав

долго пред твоето пристигнување,

но ти тоа веќе го знаеш.

#татинапесмазарељу