„Тато, досадно им е без тебе“: Ќерката на Аки Рахимовски со емотивен говор го испрати татко си во вечното почивалиште

Фото: Вангел Тануровски, Скопје

Легендарниот пејач и фронтмен на групата „Парни ваљак“ - Аки Рахимовски е погребан во Алејата на великаните на загрепските гробишта „Мирогој“.

Семејството, најблиските пријатели и колегите вчера се простија од легендарниот музичар Аки Рахимовски во Алејата на великаните на загрепските гробишта.

Меѓу колегите беа Хусеин Хасанефендиќ Хус, Маријан Бркиќ, Златан Стипишиќ - Џибони, Дино Јелушиќ, Кристина Тина Кресник, а на ковчегот можеше да се прочита посвета со стиховите на познатата песна „Моја је песма лагана“:

 - Тажна е нашата улица откако не си тука, тажна песна пеат тие што остануваат (Tužna je naša ulica otkad nisi tu, jer tužnu pesmu pevaju oni što ostaju). 

Наследничката на Аки, Дина собра сили да одржи емотивен говор посветен на нејзиниот татко, а многумина не можеа да ги задржат солзите, пренесува Index.hr.

- Во една прилика кажа дека е лесно да се биде висок, но тешко е да се биде голем, голем човек. Ти благодарам тато што ме научи дека човекот е мал под ѕвездите. „Ајде, бегај“, така ми велеше, бегај ќерко. Бегај, тато, затоа што им е досадно горе без тебе. И само да знаеш, само ти, тато, и никој како тебе. Те сакам, тато“, рече таа, видно потресена.

Многубројната публика која го почитуваше истакнатиот пејач имаше можност да му оддаде почит пред Хрватскиот народен театар во Загреб, каде можеше да се донесе цвеќе и да се запали свеќи, бидејќи не можеше да се присуствува на погребот поради епидемиските мерки.

Да потсетиме, Аки ненадејно почина во саботата на 22 јануари во болницата во Ново Место каде заврши откако ненадејно му се слоши.

Завчера и во Скопје беше организиран настан за последното збогум со легендарниот музчичар.

Аки ми рече: Брат, сакам да умрам на твоето рамо – Ацо Црногорец, другарот на Рахимовски се сеќава на рок легендата 

Мајката на Аки е болна, живее во старечки дом во Скопје: Никој немал срце да ѝ каже за неговата ненадејна смрт