Тажна приказна за жена од соседството која ја погребале соседите: Нејзиниот сопруг работел во Германија, таа ги одгледувала децата, а потоа... Шок
Заминувањето на работа во странство никогаш не е лесно, како за тој што се сели, така и за семејството што се збогува со него. Иако за некои тоа е голем стрес, има и такви кои веруваат, па дури и очекуваат дека животот ќе биде млеко и мед за целото семејство.
Меѓутоа, семејството кое е разделено на овој начин секогаш поминува низ одредени тешкотии. На социјалната мрежа Твитер една жена објави приказна за нејзината сосетка Анѓа. Имено, таа жена имала сопруг кој работел во Германија, а децата речиси сама ги одгледувала во Србија. Децата Тие пораснале, тргнале по својот пат, а сопругот си основал друго семејство. Несреќната жена починала сама во Србија, а била погребана од соседите. Ви ја пренесуваме приказната во целост:
- Тетка Анѓа ми е сосетка од детството. Нејзиниот сопруг работеше во Германија, а таа дома ги чуваше Соња и Љубомир, моите врсници. Имаа убава куќа, а Анѓа постојано се фалеше што ќе прави кога Миле (сопругот) ќе дојде на одмор.
Соња многу рано се омажи за некој човек и замина во Белгија. Никогаш повеќе не ја видовме. По дипломирањето, Љуба замина во Германија да живее кај својот татко, кој веќе имаше друго семејство, сопруга Унгарка и две деца со кои живее. Ни Љуба не се врати... Тетка Анѓа никогаш не работеше, тие и праќаа пари некое време но престанаа. Се издржуваше со издавање на прв кат од куќа во Врање кој чинел за 150 евра месечно. Вчера беше нејзиниот погреб. Ја погребаа 4-ца соседи„ вели оваа жена која додаде:
- „Сине, никогаш не ме оставај, подобро да ме убиеш“, ми рече мајка ми плачејќи додека ми раскажуваше како ја закопале Анѓа, напишала жената на Твитер.
Фото:Freepik