Тажна вест почина актерката Радмила Живковиќ: Ќе остане запаметена по улогите на Дока од „Зона Замфирова“, Живка од „Госпоѓа министерка“...

Добивај вести на Viber

Легендарната актерка Радмила Живковиќ почина на 72-годишна возраст во Белград, пишуваат медиумите од соседството.

Со текот на годините, таа постигна импресивна кариера во актерството, а ја видовме во многу продукции.

Легендарната Радмила Живковиќ ќе ја паметиме како Дока од „Зона Замфирова“, Ѓилда од „Среќни људи“, Ибољка од „Улицата на липите“, Јованка Љутиќ од „Пристигнуваат доларите“… Радмила оствари улоги и во филмовите „Сок од сливи“, „Посебен третман“, „Вариола вера“, „Уште овој пат“, „Збирен центар“, „Секогаш спремни жени“, „Полтрон“, „За покојникот сè најдобро“, „Ледина“…

Таа се истакна како Живка во претставата „Госпоѓа министерка“ во режија на Јагош Марковиќ.

Како театарска актерка, Радмила Живковиќ играла во Ателје 212, Театар Теразиjе, Театар Звездара, Народен театар во Белград.

Добила бројни престижни награди, како што се наградата „Жанка Стокиќ“, Златна арена во Пула, Царицата Теодора во Ниш и други



Фото и Видео: Youtube