ТЕГЛА 400 ДЕНАРИ, МАКЕДОНЦИТЕ НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД АЈВАРОТ: Aко немаат време да прават, си купуваат домашен

Добивај вести на Viber

„Продавам домашен првокласен ајвар“, „Благ, пикантно лут или лут ајвар“, „Одличен домашен ајвар“ се само дел од огласите на интернет.

Луѓето од различни делови на Македонија, прават и продаваат ајвар. Цените се различни. Од огласите може да се види дека дел од луѓето лани продавале ајвар за 250 денари тегла, но оваа сезона ќе биде поскап. Купувачи имаат од земјава, но се јавува и по некој од странство. Велат дека луѓето сакаат да консумираат ајвар. Ако немаат време да го подготват овој специјалитет, го купуваат од земјоделците кои го прават.

„Пет години правиме и продаваме ајвар. Имаме муштерии кои купуваат пиперки од нас за да прават ајвар, но и муштерии кои купуваат ајвар. Имам двајца купувачи од странство, едниот е Македонец, другиот е Грк, кој иако може да си купи ајвар од маркетите во Грција, сепак нè контактираше преку интернет. Купуваат различни количини. Некој ќе земе 20 тегли, некој 50 тегли. На домашниот пазар потешко се продава, затоа што за луѓето проблем е цената, а со странците не е така. Оваа сезона уште не сме го направиле ајварот, останува да видиме по која цена ќе го продаваме“, вели жител на Гевгелија.


Деталите погледнете ги на ФАКТОР тука.