Тејлор Свифт како диско топка, Дуа Липа како невеста: Галерија од Американските музички награди
Вчеравечер во Театарот „Мајкрософт“ во Лос Анџелес се собраа едни од најголемите музички и филмски ѕвезди во музичката индустрија по повод Американските музички награди. На црвениот тепих ги прошетаа своите креации за кои некои добија пофалби, а некои и критики.
Настанот го отвори Тејлор Свифт, облечена во „Balmain“ од глава до пети: металик мини фустан во ретро стил, во комбинација со високи чизми над колената. Стајлингот со надополни со обетки и прстени на „Earira Jewels“ и дополнителен прстен од „Lorraine Schwartz“.
Пејачката доби четири награди, од кои една за најдобар изведувач на годината, со што ги победи Дрејк, Ед Ширан и многу други. За Свифт тоа е 23-та награда на АМА, со што стана најнаградуван изведувач на овогодинешниот настан.
Младата Камила Кабело која се прослави со песната „Хавана“ исто така собра 4 вредни награди.
Дуа Липа на црвениот тепих прошета во бел фустан во кој изгледаше како невеста или пак како кралица на матура во 80-титте.
Џенифер Лопез се појави во розов фустан со шлицови, а Карди Би во својот претпознатлив цветен стил.
Кјара дефинитивно ги имаше најубавите и најсекси нозе вечерта, а беше придружувана од својот пресладок син.
Погледнете ги ѕвездите на црвениот тепих во нашата галерија: