Телото на Данка го ставиле во багажник и го фрлиле на депонија: Нови детали за убиството

Добивај вести на Viber

Осомничени за убиството на Данка Илиќ се двајца вработени во Јавното комунално претпријатие „Водовод“ од Бор.

Тие ја удриле со службен автомобил, и ѝ го фрлиле телото. 

Телото на девојчето го ставиле во багажникот на возилото, по што се упатиле кон дива депонија каде го фрлиле.

Утринава се упасени две личности поради сомнение дека со автомобил го усмртиле девојчето, а потоа нејзиното тело го фрлиле на дивата депонија крај „Старобанјски пут“ кај Бор.

Криминалистичната полиција од Бор ги уапсила работниците од Јавното комунално претпријатие „Водовод“ – Бор. С.Ј (50) од село Лука и Д.Д (50) од село Злот.

„С.Ј е осмоничен дека со службеното возило „фиат панда“ на улицата Радомир Путник удрил во пешак, двегодишната Данка и ја усмртил. Заедно со колегата Д.Д телото на девојчето го ставиле во гепекот од возилото, потоа го однеле до дивата депонија на “Старобанјски пут“ кај Бор каде и го фрлиле од десната страна на патот“, велат извори блиски до истрагата.