ТEMНАТА СТРАНА НА ГЕНИЈОТ: Ова не сте го знаеле за Стивен Хокинг
После премиерата на филмот „Теорија на сè“, во кој беше прикажана приватната животна приказна и бракот на генијалниот физичар, математичар и научник, Стивен Хокинг, кој почина рано утрово на 76-годишна возраст, тој имаше само еден коментар: „Потребна му е повеќе наука“.
Неговата бивша сопруга Џејн, пак, имаше дијаметрално спротивставен став и коментар: „Потребни му се повеќе емоции“. Токму тие две реченици посветени на филмот кој на Еди Редмејн му донесе Оскар најдобро го отсликуваат нивниот брак кој заврши со развод во 1995 година.
Сепак, сценариото на филмот малку се разликува од книгата, што потврдила и самата Џејн.
„Некои делови од филмот се поклопуваат со нашите животи, а некои сцени се прилично претерани“, рекла таа.
„Меѓу неговиот атеистички став и моите христијански верувања секогаш постоеше тензија, но не се обидувавме да се промениме еден со друг“.
Кога се запознале, тој веќе стекнал диплома по теориска физика на Оксфорд, како и докторат на Кембриџ. Пред него имало одлична кариера, но завршил во болница, каде му била дијагностицирана амиотрофична латерална склероза – АЛС, тешка и неизлечива болест на моторниот неврон, од која 95 проценти од заболените умираат во рок од пет до десет години. Кратко по излегувањето од болница Стивен на улица ја сретнал Џејн и ја поканил да излезат.
Станале неразделни, а се свршиле кога Џејн продолжила со студиите во Лондон. Младиот пар се венчал во 1965. година во Кембриџ, а во тоа време Хокинг уште можел да оди без туѓа помош. Наскоро нивното семејство се зголемило: во 1967. година го добиле синот Роберт, а во 1970. година ја добиле и ќерката Луси.
Се венчал со Илејн во 1995. година, а набрзо се појавиле гласини дека таа го занемарува и физички го злоставува неподвижниот сопруг, па неколку пати се водела полициска истрага. Кон крајот на 90-тите Џејн, која во меѓувреме се омажила за Џонатан Џоунс, ја објавила автобиографијата “Музика која ги придвижува ѕвездите” во која Хокинг го опишала како егоист, манипулатор и тиранин.
Трауматичниот прекин на односот со првиот сопруг најтешко го поднела ќерката Луси, која била најблиска со својот татко. Кога во 2006. година ставил крај на бракот со Илејн, Стивен ги обновил врските со своите деца, посебно со Луси која се преселила во Кембриџ да се грижи за својот татко.
Таткото и ќерката во 2007. година го објавиле заедничкиот научно-фантастичен роман за деца – “Таен клуч за вселената”. Кога излегла книгата физичарот се смирил и со Џејн. Иако омажена за друг, Џејн последните години повторно се зближила со Стивен, па така на премиерата на филмот дошле заедно.