Tенисерката Викторија која го брани Новак Ѓоковиќ преживеала нешто што не би го посакала никому

Викторија Азаренка денес е насмеана и ужива во друштво на својот син на турнирите ширум светот, а пред неколку години се соочи со многу тешка ситуација за мајка.

Белоруската тенисерка Викторија Азаренка е една од ретките кои секогаш го поддржуваат Новак Ѓоковиќ и повикуваат на објективност во скандалите кои го следат. Така беше и на Австралија опен, каде Азаренка одржа многу бурна прес-конференција, на која тема беше српскиот спортист.

Откако Срѓан Ѓоковиќ, таткото на српскиот тениски ас, се најде во видео со навивачи како го носат знамето на Русија со ликот на Владимир Путин, тоа го стави Новак во нова непријатна ситуација. На прес-конференцијата на Викторија Азаренка, една новинарка ја праша Белорусинката дали и е тешко да излезе на терен имајќи го предвид овој скандал, со кој таа не е поврзана никако.

- Што и да ви одговорам сега, тоа ќе се сврти во насока во која сакате да се сврти. Дали ми пречат руските знамиња? Се грижам за тоа што се случува во светот. Вие сте политичар или се занимавате со политика – изјавила Викторија.

Притоа, тенисерката истакна дека не и е јасно зошто за овој инцидент е обвинет Новак Ѓоковиќ.


- Не знам каква врска има воопшто со Новак, да бидам искрена, па... разговарав за тоа со обезбедувачот кој секојдневно ме придружува на терен. Го прашав што точно е инцидентот и тој ми објасни. Не знам што сакате да правиме. Не знам која е целта овде па постојано се споменува. Ваквите инциденти според мене немаат врска со играчите, но некако ги вовлекувате играчите. Па, која е целта овде? Мислам дека тоа е прашање за вас, не за мене – изјави Азаренка.

Инаку, белоруската тенисерка важи за една од спортистките кои одамна ги освоија симпатиите на српската тениска публика. Сепак, таа беше елиминирана од Австралија опен во полифиналето, а во последниот натпревар на турнирот сето тоа го разнежни со симпатичен гест во чест на нејзиниот син Лео.

Викторија, всушност, во еден момент го облече дресот на фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен, чиј голем фан е нејзиниот син.

Малиот Лео, инаку, оваа година и прави друштво на мајка си во Австралија, како и на минатогодишниот турнир, а Викторија и тој поминаа низ многу проблеми додека не стигнаа до моментот да уживаат заедно и да патуваат низ светот.

Имено, пред пет години, Азаренка доживеа вистинска драма за време на борбата за старателството на Лео, бидејќи нејзиното поранешно момче и татко на момчето, Били МекГуиган, инсистирал тој да биде единствениот старател.

Малиот Лео е роден во декември 2016 година, а Викторија и Били раскинаа следната година. Иако тенисерката се надеваше дека веднаш ќе се договори за старателството, се испостави дека Американецот има други планови и набрзо започна битка, поради која Белорусинката извесен период се повлече од тенисот.

Бидејќи таа не е државјанка на Соединетите Американски Држави, каде го родила момчето и каде живеела со него и неговиот татко, судот не и дозволил на Викторија да го изнесе детето од Калифорнија. Поради тоа таа се повлече од турнирите на кои требаше да настапува, а на почетокот на 2018 година беше одлучено судењето да продолжи во Белорусија, но набргу потоа случајот беше вратен во Лос Анџелес.

Истата година Азаренка се врати на тенисот и призна дека и било тешко бидејќи се борела за правото да биде со својот син.

- Никому не би го посакала тоа што го поминав, но тоа е дел од животот - изјавила таа еднаш.

Медиумите тогаш објавија дека на Викторија Азаренка и е доделено старателството над Лео, а таа откри дека заедно поминале период на самоизолација на почетокот на пандемијата на корона вирусот. Таа најави дека еден ден ќе напише книга за сѐ што и се случило, а неодамна истакна дека Лео има силен натпреварувачки дух.



- Секогаш сака да победува во сѐ. Невозможно е да се игра со него и да се победи. Мене тоа ми е предизвик бидејќи сакам и да победувам – открила еднаш низ насмевка.

Викторија Азаренка вели дека нејзиниот син не и го привлекува вниманието на важни турнири и на тренинзи, иако истакнува дека не е лесно да се биде мајка.

- Тоа дефинитивно не е дистракција, никогаш нема да го кажам тоа - истакна Викторија. - Не е лесно да се биде родител. Тој е своја личност. Не знам од каде го доби тоа (се смее). Се чувствувам толку привилегирано што може да биде тука со мене. Ваквите моменти ми се драгоцени. Неверојатно е да можам да го споделам ова со мојот син.


Извор: glossy