Тепал 4 жени и ги давел: Главниот јавен обвинител на Њујорк поднесе оставка!
Главниот обвинител на американската сојузна држава Њујорк, демократот Ерик Шнајдерман, денес поднел оставка бидејќи четири жени го обвиниле дека физички ги злоставувал.
„Во последните неколку часа против мене се изнесени сериозни обвиненија, на кои силно се противам. Иако овие обвиненија немаат врска со моето професионално однесување, ниту со водењето на работата, тие ме спречуваат ефикасно да работам во овој клучен момент. Поради тоа поднесувам оставка, која ќе важи до крајот на работниот ден", рекол Шнајдерман.
Две жени за „NewYorker" раскажале дека Шнајдерман, инаку член на Демократската партија и пријател на Хилари Клинтон, ги тепал и ги давел додека биле врска со него, а притоа им се заканувал дека ќе ги следи и дека ќе им ги прислушува телефоните.
Третата жена тврди дека Шнајдерман кон неа бил физички насилен без нејзина дозвола, додека четврта жена рекла дека и удирал шлаканици откако го одбила неговото флертување, пишува „Washington Post".
"Го знам Ерик речиси 35 години, како сопруг, татко и пријател. Овие обвиненија воопшто не се поклопуваат со човекот кого го познавам, кој секогаш имаше силен карактер и највисоки вредности. Не можам да верувам во овие обвиненија", го бранела Џенифер Канингем неговата поранешна сопруга.