Актуелно // Жолта минута
Тесен црвен фустан со длабок шлиц: Александра Пријовиќ „грми“ во изглед од 5.000 евра
- 10 Ноември, 2024
Музичката ѕвезда Александра Пријовиќ синоќа одржа спектакуларен концерт во Сплит.
Александра Пријовиќ блескаше во внимателно одбрани тоалети кои одлично ја истакнаа нејзината фигура.
Прво се појави во црвен фустан од брендот „Версаче“ чија цена е 3.000 евра. Фустан со длабок шлиц кој одлично ги истакна затегнатите нозе и витката линија на пејачката.
За вториот дел од вечерта Пријовиќ се одлучи за предизвикувачко црно боди и шорцеви од брендот „Alex Perry“ чија цена е околу 2.000 евра. Комплетниот изглед го заокружи со кожени чизми, што дополнително придонесе за нејзиниот атрактивен сценски стајлинг.
Фото: ИнстаграмИзвор: Blic.rs
Тесен црвен фустан со длабок шлиц: Александра Пријовиќ „грми“ во изглед од 5.000 евра