Тестамент не напишал пред да почине: Кога Роквиќ почувствувал дека доаѓа крајот, ова го направил со парите

Добивај вести на Viber

Маринко Роквиќ отсекогаш бил познат како голем заштитник на своето семејство, а во текот на животот се трудел ништо да не им недостасува на неговите најблиски.

Поминаа речиси две години од заминувањето на музичката легенда Маринко Роквиќ, без чии хитови не може да помине ниту една прослава. Сопственикот на евергрини како „Скитница“, „И кога сите ќе ме заборават“, се бореше со ракот на панкреасот, а кога болеста напредувала, решил во договор со сопругата Славица да го подели имот што го стекнале.

До последниот ден бил вистински заштитник на целото семејство, а и во најтешкиот период не сакал никаде да оди. Напротив, тој се обидел да помине прекрасни моменти заедно.

Неговата последна желба беше Дарио, Никола и Марко да продолжат да живеат во мир и хармонија, како што раскажа неговиот колега од естрадата, кој од почит кон семејството инсистираше на анонимност.

- Маринко од една страна беше голем палав човек, а од друга голем господин, но неговото семејство беше на прво место. Никогаш не ги разделуваше своите синови. Сите тројца ги сакаше неизмерно. Им дал се што можел, а она што го стекнал во текот на животот и подели на еднакви делови – рекол изворот.


И додал дека тој не сакал неговите синови да се караат за пари.

Ниту еден син не беше лишен, така да се каже, од љубов, внимание или недвижности и финансии што ги остави зад себе. Тој бил свесен дека болеста е опасна и дека зема се поголем замав, па отворено разговарал за се и сешто со децата, а со договор го поделиле имотот за сите во семејството да бидат задоволни. Не сакаше да замине без да остави зад себе синови кои ќе се тепаат за имотот. Видовте дека е испратен достојно во вечното почивалиште, верувајте го заслужи тоа - изјави пејачката која е блиска до семејството на Маринко.

Инаку, им остави куќа од 500 илјади евра и три станови во Белград, како и неколку деловни простори, исто така во главниот град на Србија. Богатството му го проценуваат на над 5 милиони евра.

Извор: Стил курир

Фото: Инстаграм