,

Тежело колку јаболко: После 13 месеци закрепнување, најмалото бебе на светот е конечно пуштено од болница (ФОТО)

Квек Ју Ксуан, која официјално е прогласена за најмалото бебе на светот, откако мајка ѝ ја роди во 25 -та недела од бременоста и тежеше само 212 грама, конечно е пуштена од болница со 6.3 килограми, по 13 месеци лекување.

Ју Ксуан тежела само 212 грама при раѓање

Најмалото бебе во светот, Квек Ју Ксуан, кое се роди кога нејзината мајка беше само во 25 недела од бременоста и тежеше само 212 грама, беше пуштено дома по 13 месеци поминати во болница во Сингапур.

Сега таа е вистинска, голема девојка, и толку многу телевизиски екипи дојдоа да го следат моментот кога таа ја напушти медицинската установа со нејзините среќни родители, каде тим лекари се бореа за нејзиниот живот со месеци.

Кога се родила, Ју Ксуан била долга само 24 сантиметри и била тешка колку просечното јаболко. Цела можела да се собере во тупаницата на мајка си. Родена е со царски рез, четири месеци пред терминот за породување, откако на нејзината мајка ѝ била дијагностицирана прееклампсија - висок крвен притисок придружен со појава на протеини во урината. Оваа состојба може да биде фатална и за мајката и за детето.

Ју Ксуан, која имаше ограничени шанси за преживување при раѓање, сега тежи 6,3 килограми.

- Наспроти сите правила, со силните здравствени компликации што ги имаше при раѓањето, таа ги инспирираше луѓето околу неа да растат со нејзината упорност. Тоа ја прави посебно КОВИД -19  бебе со трепка надеж среде сиот овој немир - напиша медицинскиот тим од болницата во која е родена.


Ју Ксуан уште има хронична болест на белите дробови и ќе ѝ треба помош при дишење кога е дома. Сепак, лекарите веруваат дека со текот на времето ќе се подобри.


Нејзината мајка, Вонг Меи Линг, за локалните медиуми изјавила дека била изненадена од големината на нејзиното второ бебе, со оглед на тоа што го родила првиот син на 18 години. Инаку, родителите успеаја да го платат долгиот престој на нивното бебе во болница со помош на кампања во која беа собрани 270.601 долари.

Пред Ју Ксуан, најмалото бебе на светот се роди во 2018 година, во Ајова, со само 245 грама.

извор: republika.rs