Ти благодарам што беше со Маркијан, ќе те паметиме секогаш: Ребека со емотивна објава за асистентката на деца со посебни потреби, Маја
Пејачката и претседател на здружението „Дајте ни крилја“, Ребека Јанковска - Ристески, сподели емотивна објава за асистентката на деца со посебни потреби, Маја Степановиќ.
- Ти благодарам Маја што постоиш и што беше со Маркијан и со нас како дар кој ќе го паметиме секогаш - напиша Ребека за асистентката Степановиќ.
Како што е познато нејзиниот најстар син Маркијан се бори со ретката болест туберна склероза, и тие секојдневно се соочуваат со најразлични предизвици.
Маја СтепановиќМоќната порака на Маја Степановиќ, која треба да ја прочитаат сите родители, гласи:
„Повторно се најдов во училишните клупи, повторно асистент на посебно момче, овој пат во средно училиште. Марко е доста интелигентно и вредно момче, има аутистичен спектар и одземен говор. Тој за да го пополни просторот на тишина во кој живее испушта несинхронизирани звуци. Денес во училишниот двор тема на потсмев беа тие звуци кои за него значат многу во таа тишина и неможност да се изрази вербално. Имам еден апел:
*РОДИТЕЛИ, ВОСПИТУВАЈТЕ СИ ГИ ВАШИТЕ ДЕЦА ДА РАЗВИВААТ ЕМПАТИЈА КОН ДРУГИТЕ!!
*ДЕЦА, МОЖЕБИ ЕДЕН ДЕН ВИЕ ЌЕ СТАНЕТЕ РОДИТЕЛИ НА ЕДНО ПОСЕБНО ДЕТЕ (секогаш тргнувајте од себе)!!
(посакувам - за да научите како треба да се однесувате и да видите тој потсмев колку боли, а не сакам - затоа што тоа дете заслужува подобри родители од вас!!)“
*Им благодарам на Господ и Св. Лазар што се разбуди Маркијан: Ребека за најболната ноќ во животот
*МАРКИЈАН НИ УМИРАШЕ ПРЕД ОЧИ: Искрено со пејачката Ребека
*Ребека: Маркијан ме научи дека невозможното е возможно