Ти благодарам, што секој пат ме избираш мене

Добивај вести на Viber

Во еден суров свет, во кој е толку тешко да се најде некој што ќе го сакаш и ќе те сака на ист начин со целото срце, јас навистина се чувствувам благословена. И благодарам на судбината што ми го даде овој дар - да ги почувствувам овие чувства и да го отворам моето срце!

Но, пред се, ти благодарам тебе. Што ме сакаш со  сите мои добри страни и мојата ексцентричност, саркастична смисла за хумор, моето површно размислување за моменти.

Ти благодарам што си трпелив со мене. И што успеа и ги преживеа сите мои драми, скандали и постојана параноја. Ти благодарам, исто така, и за бескрајните шанси што ми ги даде да се променам додека се вљубуваше во тие слабости.

Ти благодарам што ме прифати без да ме замолитш да се сменам. Тоа што го даде и продолжуваш да се трудиш да бидеме среќни. Што поверува во мене и инсистираше на тоа дека би можела да бидам многу повеќе од она што сум. И тука сум - сигурна сум, храбра и позитивна. Поради тебе!

Ти благодарам што ги сподели најдобрите години со мене. Што ме направи силна за иднината што ја градиме заедно. Ти благодарам што ме избра и ме избираш секој ден, без оглед колку сум тешка понекогаш.