„Ти прекрасна, силна, посебна жено“: Калиопи ѝ го честиташе роденденот на мајка ѝ со емотивно видео

Добивај вести на Viber

Во семејството на поп дивата Калиопи има повод за славење. Нејзината мајка Марија денес слави роденден. 

Токму по тој повод пејачката на својот Инстаграм профил сподели емотивно видео со фотографии од неа и нејзината мајка, а до објавата напиша: „Ти прекрасна, силна, посебна жено! Те сакам! Среќен роденден мама!“.


Од фотографиите може да видиме дека убавината Калиопи дефитивно ја наследила од мајка си, бидејќи госпоѓа Марија зрачи со позитивна енергија и младешки дух.

А честитките по повод роденденот на мајката на Калиопи се нижеа до објавата. 

Ве потсетуваме и дека пејачката е трето дете во семејството, таа има поголеми брат и сестра.


Фото и Видео: Инстаграм - Калиопи

„НИЕ“: Калиопи сподели фотографија од детството на која силно ги прегрнува мајка ѝ и татко ѝ кој почина летово