Тина Тарнер замина во вечноста: Милиони обожаватели се збогуваат со музичката кралица

По долго боледување на 83 години почина Тина Тарнер. Милиони овожаватели се збогуваат со кралицата на рок & рол музиката.


Ана Меј Булок, позната по нејзиното уметничко име Тина Тарнер е родена на 26 ноември 1939 година во Нутбуш, Тенеси. Таа беше американска пејачка, танчерка и изведувач. Нејзиниот неверојатен успех, доминација, популарност и придонес во рок музиката и ја дадоа титулата кралица на рокенролот. Таа е позната во светот по нејзините енергични настапи на сцената, моќениот глас, одличните концерти, како и по нејзините долги нозе кои се сметаат за најпознати во шоу-бизнисот.

Тарнер се смета за една од најпопуларните светски изведувачи и најуспешната женска рок уметница на сите времиња, со продажба од речиси 200 милиони копии од нејзините албуми ширум светот.


Фото: Tinaturner/Facebook