Актуелно // Insta вести
Тинејџ Елена Ристеска: Издание во кое не сме ја виделе, а е модерно и урбано
Ваква досега не сме ја виделе. Пејачката Елена Ристеска на настап се појави во помладешко урбано издание, со што ги освои симпатиите на нејзините следбеници на Инстаграм откако ги објави фотографиите.
„Прекрасница моја„, „Кралица“, „Вистинска дива“, „Елена урбано изгледаш на сликите“, „Браво, инаку косата вака ти е топ“, се дел од коментарите.
Пејачката како да се вратила во тинејџерските години. Облечена во црн кус фустан со двоен слој, и модерни очила за сонце со црвена рамка, а изгледот го надополнила со сандали и накит во златна боја.
За овој настап пејачката се одлучила нејзината долга црна коса да ја извитка, брановидно.
Пејачката очигледно дека ја обожува црната боја, па и затоа најчесто ја гледаме во модни изданија во оваа боја.
Фото: ИнстаграмРЖМ