„Тоа беше најлошиот момент во мојот живот. Семејството ме спаси од очај“: Георгина Родригез проговори за загубата на син ѝ
Георгина Родригез и Кристијано Роналдо годинава во април го загубија својот син, момчето почина при породување, а сега славната мама најде сила
да раскаже како се справила со оваа трагедија.
Исповедта на Георгина Родригез го носи продолжението на реалното шоу „Јас сум Георгина“. Вториот дел ќе го објави Нетфликс, а партнерката на фудбалерот Кристијано Роналдо на почетокот на оваа година потпиша договор за снимање на вториот дел.
Во продолжение на реалното шоу Георгина раскажува дека губењето на бебето ѝ бил најлошиот момент во животот, како и дека семејството ја вратило од работ на очајот, пренесува Метро.
Директорот на забавниот програм на Нетфликс во Шпанија, Алваро Дијаз, откри дека трагедијата на 28-годишната девојка и нејзиниот партнер ќе биде клучен дел од втората сезона.
„Не се сомневавме дали ќе ја направиме втората сезона откако ја видовме првата, бидејќи тешко е да се најде некој што ќе ја отвори вратата на нивниот живот толку широко отворена како Георгина. Таа и нејзините најблиски поминаа низ нешто многу комплицирано и фановите ќе ја видат како се справува со тоа на природен и несебичен начин“, изјави Дијаз.
Во новата сезона ќе бидат прикажани моменти на голема тага, но, како што рече Георгина, публиката ќе може да ги види и позитивните настани во нејзиното семејство.
Првата сезона на реалното шоу „Јас сум Георгина“ беше премиерно прикажана во 190 земји на 27 јануари - нејзиниот 28 роденден - и веднаш влезе во листата на 10 најгледани емисии.
Сестрата близначка на починатото момче Бела Есмералда беше голема утеха и мотив за Георгина и Роналдо да научат да живеат со загубата на детето, што секако може да се каже и за нивните поголеми деца Алан Мартина, близнаците Ема и Матео и Кристијан Јуниор.
Фото: Инстаграм - Георгина Родригез
Оваа фотка го обиколи светот: Роналдо и Георгина го открија името на својата ќерка