„Тоа беше смрт на мојот сон“: Славната убавица прв пат за разводот после 12 години љубовна бајка на која светот ѝ завидуваше

Добивај вести на Viber

Поминаа месеци од нејзиниот болен развод, а една од најубавите жени на планетата конечно застана на нозе и е подготвена да зборува за сѐ

Минатата година светската јавност беше изненадена од веста дека бразилската манекенка Жизел Бундхен и НФЛ играчот Том Брејди, двајцата живи легенди на своите области, се разведуваат по 12 години брак.

По неколку недели шпекулации за нивната врска, Жизел и Том во официјални изјави во октомври потврдија дека на нивната љубов и дојде крајот и додадоа дека ќе продолжат да се грижат за децата заедно.

View this post on Instagram

A post shared by Gisele Bündchen (@gisele)



Поранешните сопружници оттогаш не се видени на исто место, но не кажаа лоши работи еден за друг и згора на тоа, нормално комуницираат на социјалните мрежи, па Жизел му честиташе на Том за спортското пензионирање.

Манекенката сега даде интервју за Vanity Fair во кое искрено проговори за пропаѓањето на бракот со Брејди, по што, како што вели, била скршена.

Таа го нарече разводот „смрт на нејзиниот сон“ и додаде:

- Тешко е затоа што замислуваш каков ќе биде твојот живот и правиш се што можеш, знаеш? Верував во бајки кога бев мала. Мислам дека е убаво да се верува во тоа и благодарна сум што го направив... Даваш се од себе за да го оствариш тој сон. Даваш 100 проценти од себе, а потоа ти се крши срцето кога не завршува онака како што си се надевал, туку можеш само да дадеш се од себе.



Пред да се омажи за Том Брејди, Жизел патуваше низ целиот свет, како најплатена и најуспешна манекенка на планетата, но никогаш не стапнала на местото каде што подоцна се преселила поради него. Тоа е Тампа, градот на Флорида каде Брејди играше за Тампа Беј Баканиерс.

– Кога се преселивме во Тампа, всушност никогаш порано немав отидено таму. Само што пристигнав и знаев - тоа беше мојот живот – изјави таа за Vanity Fair.


Таа се присети како му правела на сопругот купки со цвеќиња за да се опушти по напорните тренинзи и натпревари, дека му давала кристали и камења за заштита и самозаздравување. Таа додала дека не се развела од Брејди затоа што тој не сакал да се пензионира заради семејството, ниту поради неговата наводна поддршка за Доналд Трамп, кога во неговото шкафче видела капа со слоганот на Трамп „Make America Great Again.“.

Жизел се осврна и на нејзината поврзаност со Хоаким Валенте, инструкторот за џиу-џицу со кој медиумите ја поврзуваа по разводот, посочувајќи дека тој е некој на кого му верува, како и целото негово семејство.

- Тој е наш учител и што е најважно, личност на која ѝ се восхитувам и ѝ верувам - објасни таа.


Манекенката додала и дека Костарика е местото каде што поминува најмногу време и каде би сакала да ги одгледува своите деца – синот Бенџамин (13) и ќерката Вивијан (10).

- Мојот сон е моите деца да растат овде. Не успеав да бидам овде колку што сакав, па сега често ги носам. Ако никогаш повеќе не видам ниту еден град, би била потполно среќна – рекла Жизел.

- Јас сум обична девојка која ја сака природата, оставете ме на мира. Сакам само да си ја работам работата и да си ги воспитувам децата во мир – заклучила таа.


ФОТО: Инстаграм