Тој е 15 години помлад од неа, се запознале на необично место: Мина Костиќ блеска покрај новото момче ФОТО)
Пејачката Мина Костиќ често отворено зборуваше за својот приватен живот, а сега со јавноста сподели добри вести
Пејачката Мина Костиќ долги години не сакаше да ѝ ги претстави на јавноста своите емотивни партнери. Откако се разведе од својот колега Игор Х, таа никогаш во јавноста не зборуваше за емотивните партнери.
Сепак, после долги години реши својата среќа да ја сподели со сите. Таа сега е сигурна дека покрај себе ја има вистинската љубов, поради што ја обелодени на социјалните мрежи.
Имено, според пишувањата на медиумите, Мина нашла момче кое е 15 години помладо од неа.
Таа на Инстаграм објави фотографии со извесен Никола, а судејќи по нивната насмевка, тие се многу среќни заедно. Како што призна пејачката, сè се случило сосема спонтано, а ги обединила љубовта кон животните.
- Се случи случајно. Ништо не форсирам, што и да се случи, сè е во божји раце - изјави пејачката која откри дека се запознале во шума.
- Случајно се запознавме во Шумице додека си ги шетавме кучињата. Ми пријде, ги погали кучињата, се сликавме. Ми кажа дека сестра му ме сака и потоа ми пиша. И дури после две недели му одговорив. Тогаш му кажав кога точно ги шетам кучињата. Некогаш така шетавме често - изјави Мина, а потоа откри со што ја освоил:
-Тој е вистински лав, млад, добар, внимателен... Тренира, верува во Господ, оди во црква, сè е како што сакав - го опиша пејачката помладото момче.
Иако денес постојат предрасуди дека жените не треба да имаат помлади мажи, Мина Костиќ воопшто не ја интересираат тие приказни.
- Имав постари, па што имам од тоа. Не ми е гајле, важно е како се чувствувам. Јас сум како Бијонсе – изјави Мина за „Гранд њуз“.
Извор: glossy.espreso.co.rs