Тој има 190 кг, а таа само 50 и велат дека личи како да му е ќерка: Најнеобичниот пар открива како изгледа нивната врска

Добивај вести на Viber

Хафтур Јулиус Бјорнсон (34) е висок 206 сантиметри и тежок приближно 193 килограми, додека неговата сопруга, фитнес инструкторката Келси Хенсон (33) е само 158 сантиметри, а не му е ни до рамениците. Таа е дури 140 килограми полесна од него. Ѕвездата од серијата „Игра на тронови“, кој го играше ликот кој го нарекуваа „Планина“, со сопругата е главна атракција каде и да се појави.

Тие двајца важат за најнеобичниот пар токму поради разликата во висината и тежината. Тие се во брак од октомври 2018 година, а на луѓето секогаш им е смешно кога ќе ги видат заедно поради висинската разлика. Многумина коментираа дека девојката личи на негова ќерка и го прашаа - како се бакнуваат.

View this post on Instagram

A post shared by Hafþór Júlíus Björnsson (@thorbjornsson)



Парот не обрнува внимание на коментарите, а актерот е особено горд бидејќи важи за еден од најсилните мажи на светот. Тој за британските медиуми откри и која е тајната на неговата успешна „маса“.



- Можам да подигнам илјада килограми, и да внесувам 10.000 калории дневно. Морам да јадам на секои два часа за да ја задржам постоечката маса, изјавил „Планина“ за „Дејли мејл“.


Поради својот изглед, актерот призна и дека не може да лета во економска класа, но мора да лета во бизнис класа. Додека неговата сопруга открила како на „Планина“ му треба многу храна.

- Тој јаде многу. „Ако одиме во супермаркет, ни треба камион за да ги задоволиме неговите потреби“, вели Келси низ смеа.

View this post on Instagram

A post shared by Hafþór Júlíus Björnsson (@thorbjornsson)



Бидејќи пријателите постојано ги прашуваат како изгледа нивната интимна врска, „Планина“ бил краток во својот одговор: „Таа е секогаш горе“.

Двојката се запознала во септември 2017 година кога Келси му пришла во ресторан и му побарала автограм. Веднаш избувнала искра меѓу Планина и „Палчица“.


фото: инстаграм принтскрин