Тој има 55 години, а таа 24: Поранешниот сопруг на Џенифер Лопез доби седмо дете, а љуби невидена убавица

Годините се само бројка за многу познати мажи, а меѓу нив дефинитивно е и Марк Ентони, кој во шестата деценија стана татко по седми пат!

Можеби мислевте дека мажот кој се разведе од Џенифер Лопез нема да има повеќе среќа во љубовта, но Марк Ентони дефинитивно би ви го негирал тоа! Не само што процвета по разводот со латинската дива (која исто така процвета со враќањето на старата љубов и новиот сопруг Бен Афлек), Ентони реши повторно да се испроба како татко, а таа желба се оствари пред неколку дена.

View this post on Instagram

A post shared by (@nadiaferreira)


Во 2022-ра година, Марк Ентони изненади многумина кога се шпекулираше дека е во љубов со девојка која е 31 година помлада од него! Тоа е ни помалку, ни повеќе но поранешната мис на Парагвај! Младата Надја Фереира беше неговиот избор, а првпат беа видени заедно во Мексико Сити. Откако ја официјализираа врската во март, тие веќе потврдија дека се вериле во мај истата година.

Апсолутно не им пречеше што врската оди брзо, ја прифатија својата љубов, а следеше најубавиот подарок: бременоста на Надија!

View this post on Instagram

A post shared by (@nadiaferreira)


Раѓањето на детето веројатно уште повеќе ги израдувало. Имено, во неделата, на 18-ти јуни, парот објави дека станале родители, тоа е прво дете за Надија и седмо дете на Марк.

- Божјиот тајминг е секогаш совршен - напиша парот на Инстаграм, заедно со слика од новороденчето на која Марк го држи во рацр, и на следбениците им посакаа среќен Ден на татковците.

View this post on Instagram

A post shared by Marc Anthony (@marcanthony)


Бебето на Фереира и Ентони има постари браќа и сестри, Арија (29) и Чејс (28), кои пејачот ги доби со Деби Росадо, Кристијан (23) и Рајан (19), кој го доби со Дајанара Торес, како и близнаците Макс и Ема (15) од бракот со Џенифер Лопез.

Марк и Надија се венчаа на интимна, но гламурозна венчавка на која присуствуваа многу познати личности, од Дејвид Бекам до Салма Хајек, а потоа објавија дека чекаат ново бебе! Џенифер Лопез не присуствуваше, но затоа Марк ѝ беше гостин на венчавката со Бен Афлек.

Извор: glossy.espreso.co.rs