„Тој сака да има деца. Нејзе тоа на крај памет не ѝ паѓа“: Мараја Кери раскина со долгогодишното момче

Добивај вести на Viber

Иако делуваа како еден од најхармоничните парови, славниот пар не можеше да ги усогласи своите желби и приоритети...

Пејачката Мараја Кери и нејзиниот долгогодишен дечко Брајан Танака раскинаа, објави Page Six. Според странските медиуми, причината за раскинувањето е тоа што тој сака деца. Возрасната разлика меѓу овој пар е четиринаесет години, а додека Танака има 40, Мараја има 54 години.

- Тој сака семејство. Таа не ни помислува на тоа – рекол извор близок до парот.

Мараја Кери, жена со турбулентна животна приказна, има дванаесетгодишни близнаци со нејзиниот поранешен сопруг Ник Кенон. Танака, од друга страна, нема свои деца.

Двојката беше заедно седум години, а многумина се посомневаа дека нешто не е во ред кога пејачката, која поради песната „All I want for Christmas is you“ ја нарекуваат и „Кралица на Божиќ“, сама заминала на традиционално патување во Аспен.



Танака исто така не се појави на нејзината божиќна турнеја, која започна во ноември. Инаку, тој работеше како нејзин танчер од 2006 година, а почнаа да се забавуваат во 2016 година.

„Тој сака да почне да го живее својот живот“, рекол извор близок до парот.

Мараја Кери ги поттикна гласините за раскинување кога претходно овој месец изјави за People дека имала тешка година.

- Го очекувам Божиќ цела година, бидејќи минатата година не беше најдобра. Благодарна сум за се, но ова не беше најзабавниот Божиќ на светот, рече таа.

Двојката последен пат беше видена заедно во март, а ова не е нивно прво раскинување. Имено, тие за прв пат раскинаа во 2017 година, но брзо се помирија.


ФОТО: Инстаграм