Топ 10 модни трендови за летово: Вака ќе се облекуваат жените со стил сезонава (ФОТО)
Ова лето ќе биде исклучително шарено кога станува збор за модата. Ќе имаме на располагање голем број трендови, така што секоја дама ќе може да најде нешто по нејзин вкус. Сепак, ќе доминираат трендовите кои беа популарни во текот на 90-тите. Ова лето повеќето од нив со стил се враќаат на модната сцена.
Ние ги издвоивме топ 10 трендови што ова лето ќе го направат интересно:
1. Бела боја
Опуштените и едноставни фустани, но и фармерките во бело, се задолжително парче во гардеробата на секоја жена со стил. Оваа нијанса е одлична за секого, затоа нема причина да не си набавите барем вакво парче. Покрај тоа, белата боја е совршена за летни и топли денови.
2. Цветен фустан
Бохо стилот веќе во голема мера доминира во модната сцена, па ова лето е незамисливо без фустани со цветен принт. Сите бои се достапни за нас, како и сите должини. Мини и макси моделите ќе бидат подеднакво модерни.
3. Ѕвонарки со длабок струк
Фармерките, кои беа многу популарни во текот на 90-тите, повторно се во центарот на вниманието. Овој ретро стил е добар за скоро секој материјал, и може да се носи во безброј прилики.
4. Бермуди
Заборавете на ултра кратките шорцеви. Шорцевите со бермуди мора да ги имате оваа сезона. Пошироки, поудобни модели се изборот на трендсетерки и модни експерти.
5. Кроп топови
Маици и асиметрични кроеви се нешто што често ќе го гледаме на улиците. Блузи од палта и панталони со висок струк се добитна комбинација во моментов.
6. Плетена торба
Додека порано беа главно резервирани за одење на плажа, торбите од рафија станаа наши омилени додатоци во последните неколку години во текот на летните месеци, кои сакаме да ги носиме во градот, па дури и во канцеларијата. Иако денес има огромен избор на разни модели, за почеток ви треба класична торба што лесно се прилагодува на сите прилики.
7. Маици со апликација
Се сеќавате на моделите што доминираа во текот на 90-тите, оние со интересни апликации? Па, токму таквите модели се повторно во фокусот.
8. Сандали - влечки
Сандали - влечки со високи потпетици се единствените обувки што ни се потребни. Покрај тоа што изгледаат убаво на нозе, тие се и удобни - затоа заслужуваат чиста десетка.
9. Марами, шалови и други додатоци за коса
Колку поистакнато, толку подобро, е правило ова лето. Додатоците за коса стануваат сè попопуларни. Сè, од марами, до шалови, до шноли и капи е во тренд.
10. Миди здолниште
Не заборавајте да имате миди здолниште во вашиот плакар, во кое ќе можете да поминете еден ден на работа, вечер со пријатели или да се шетате покрај реката за време на викендите.