Топ 7 летни фризури за топлите денови: Го откриваат вратот и на тој начин му дозволуваат да се олади
Висока опашка и пунџа и разни шноли и машнички - светот на
фризурите кои се вистински спас на горештините е многу креативен и разновиден.
Усогласете ги украсите на косата со облеката и комплетирајте го стајлингот.
За вечерни излегувања тука се шнолите со кристали, а за денска варијанта одличните додатоци и нешто помалку украсените детали.
* Користете украсна ткаенина и замотајте ја околу косата.
* Плетенка која го истакнува лицето одлично оди со висока,
лабава пунџа.
* Кристалите и бисерите ќе ја направат секоја фризура посебна.
* Високо опавче е дел од класичните летни фризури
* Врзете ја марамата околу пунџата наместо околу вратот.
* Толку е лесно да се направи овој вид на фризура, потребни ви се само неколку ластичиња - прво поделете ја косата на два дела, а потоа завијте го секој дел во пунџа и зацврстете со ластичиња или со мали шноли (за да не се гледаат).
* Прекрасен мотив на пеперутка е шнола што ја сакаат романтичните жени.
Фото: pinterest
Фото насловна: unsplash
Кратка, со средна должина и долга коса: Три фризури за лето со кои секогаш ќе изгледате одлично