ТОП три бои кои ќе се носат ова лето

Добивај вести на Viber

Добро сте запознаени со фактот дека секое годишно време носи нови трендови во светот на модата и убавината, а ова лето можеме да очекуваме голем број новитети кои ќе го освежат нашиот стајлинг и ќе ни донесат доста места за експериментирање со стил.

Кога се работи за боите, и во овој сегмент не очекуваат неколку промени. Се потоплото време бара светла облека, додека модната индустрија истовремено „диктирa“ весели дезени и шаренило кое го поправа расположението и ни даваат весела нота на сечиј изглед. Меѓутоа, неколку бои се издвојуваат како апсолутен фаворит на кој се вклопуваат во стајлингот.

Во продолжение дознајте кои бои се тие ...

Светло-плава


Светло-плавата може да се најде речиси секаде и ретки се дамите кои не ја сакаат оваа боја. Од фармерки до блузи и фустани кои ги откриваат рамениците, оваа нијанса на плава е идеална за комбинирање со останатите бои. Исто така може да ја имплементирате и во вид на акцесоари и обувки.

Нијанса на лаванда


Роматична и истовремено елегантна, нијансата на лаванда можете да ја носите и како моќно одело. Оваа боја според експертите дефинитивно ќе доминира во најтоплата сезона.

Жолта


Жолтата е ултимативна боја на летото бидејќи воглавно многу асоцира на топлото време, сонце и вкусни коктели со праска или некое цитрусно овошје. Покрај тоа што евоцира на се друго, жолтата боја е разиграна и весела боја која ќе ве истакне од масата и ќе направи да изгледате посебно.