Топалко стана дедо: Ѕирнете каде ќе ужива неговата принцеза-внука, и какво име доби (ФОТО)
Хелена, ќерката на пејачот Милан Топаловиќ Топалко, ја роди ќерката Доминика, а гордите родители веќе подготвија сѐ за својата миленичка.
Хелена сподели неколку фотографии и видеа од породилиштето каде се гледа нејзиниот татко Топалко, а таму била и нејзината мајка која не се одвојувала од неа, како и нејзиниот сопруг Драган Алексиќ.
Хелена веднаш објави слика од Доминика, а неизмерната љубов е неопислива со зборови.
Пресреќните родители веќе се подготвиле за доаѓањето на нов член на семејството во нивниот дом.
Хелена го сподели и катчето во кое Доминика ќе ужива додека расте. Креветот и постелнината се во бела-крем комбинација. Перница во форма на круна со девојче и име откри дека родителите многу порано избрале име за наследничката.
Сопругот на Хелена ја изненади сопругата со скапоцен подарок. Имено, тој ѝ купил златен прстен на кој е врежано името на нивната ќерка.
Гордиот дедо Топалко едноставно е маѓепсан од својата внука, не може да го тргне погледот од неа, а Хелена едноставно ужива додека ги гледа и споделува се со своите следбеници.