Торта „Урма“: Една од најслатките во универзумот
Доколку досега не сте, сега е време да ја пробате оваа торта...
Состојки: 10 јајца;
За пандишпан: 250 грама ореви, 250 грама урми, 3 лажици брашно, 1 лажица какао во прав, 10 лажици шеќер;
За фил: 2 лажици брашно, 300 милилитри млеко, 200 грама путер, 50 грама чоколадо за готвење, 16 лажици шеќер, 150 милилитри слатка павлака за декорирање.
Подготовка: Одвојте ги белките од жолчките. Со миксер изматете ги белките и 10 - те лажици шеќер, додадете ги 3 - те лажици брашно, издробените ореви, сецканите урми и какаото. Соединете ги состојките и тестото истурете во подмачкана тепсија. Печете околу 15 минути на 200 степени.
Подготовка на филот: Изматете ги жолчките, додадете дел од млекото и 2 - те лажици брашно. Преостанатото млеко загрејте го со 16 - те лажици шеќер. Со непрекинато мешање во зовриеното млеко додадете ги изматените жолчки. Гответе додека кремот не ја добие потребната густина, а потоа додадете ја чоколадата. Филот истурете го во сад за матење и додадете го путерот, па сето тоа убаво изматете го со миксер.
Пандишпанот исечете го на 3 еднакви дела и редете кора - фил додека не го потрошите целиот материјал. На крајот декорирајте со изматена слатка павлака.
Урмите во овој рецепт се клучни, а за да бидете сигурни во нивниот квалитет кога ќе пазарувате на полиците во продавницата од која најчесто купувате одберете ги оние од брендот „Нутини“.