Торта во форма на штикла и куќа полна со подароци: Вака Вики Миљковиќ го прославува својот 48 роденден (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Таа покажа и подарокот од нејзиниот кандидат од „Ѕвездите на Гранд“, Нермин Ханџиќ, кој минатата година победи на натпреварот

Пејачката Виолета Вики Миљковиќ го прослави својот 48-ми роденден, а честитки ѝ стигнаа од сите страни.

Меѓу нив беше и пораката на нејзината кума и колешка Светлана Цеца Ражнатовиќ, која во оваа прилика ѝ се обрати на Инстаграм.

- Среќен роденден, те сакам - напиша Цеца на фотографијата на Миљковиќ.

Набргу по неа се огласи и Ѓорѓе Давид кој јавно ѝ честиташе на својата колешка.

Пејачката во текот на денот доби бројни подароци, а најмногу ѝ се допадна тортата со штикла одозгора.

Вики се пофали со големиот број цвеќиња што ги доби, а потоа покажа детали од својот дом и како ја накитила елката, а во преден план беше огромниот Дедо Мраз.

После тоа, Вики го помина денот со синот Андреј и Нермин, гледајќи го финалето на Светското првенство.


Извор: telegraf.rs