Тоше Проески ја прослави, жените сакаа да личат на неа: Работеше во „Пинк“, а потоа целосно исчезна
Таа ја водеше емисијата „Рада сам“ до 2018-та година, а потоа се повлече од малите екрани. Водителката Рада Раденовиќ беше една од најпопуларните водителки во Србија и заштитно лице на телевизијата „Пинк“.
На почетокот на 2000-тите таа важеше за една од најсексапилните девојки на овие простори, а оние кои ги посетуваа многу популарните летни фестивали во тоа време беа воодушевени од метежот што таа го направи на плажите во Будва и Херцег Нови.
Кога направи атрактивна кратка фризура, поради неверојатната сличност со филмската ѕвезда, го доби прекарот српската Хали Бери.
Но, нејзината убавина ја имаше својата „премиера“ во спотот на Тошет Проески за песната „Во коси да ти спијам“.
Рада во својата долгогодишна кариера водела бројни емисии, а оследната ја водеше до 2018-та година, а потоа се повлече од малите екрани.
Рада последниве години е посветена на синот Петар, кој денес има 11 години, а кого, како што пишуваат медиумите, во 2010-та година го добила со тогаш женетиот бизнисмен Дејан Милиќ, кој има две деца од тој брак.
Извор: www.pulsonline.rs