Трагедија во кралското семејство: Сестрата на кралицата Максима се самоубила

Добивај вести на Viber

Откако светот се шокираше од самоубиството на позната модна дизајнерка Кејт Спејд и познатиот готвач Ентони Бордејн, стигнува уште една тажна вест, овој пат од дворот на холандското кралско семејство.


Најмладата сестра на холандската кралица Максима, Инес Зорегета, е пронајдена мртва во својот стан во Буенос Ајрес. Веста ги изненадила сите, имајќи предвид дека Инес има само 33 години. Таа пораснала во Аргентина, како најмладо од четирите деца. Таа и Максима имаат двајца браќа и три полусестри од првиот брак на нивниот татко. Како тинејџерка Инес ја сакала музиката па подоцна запишала студии по пеење и свирење гитара на Escuela de Musica Kontemporanea, пишува „Ел Мундо“.


И додека Максима тргнала по својот пат и станала кралица на Холандија, Инес останала во Буенос Ајрес, каде студирала психологија на Универзитетот Белграно. Кога Максима го родила својот најмладо дете, принцезата Аријана, одредила на девојчето кума да му биде нејзината сестра Инес.

Но, што е причината за смртта на Инес, се прашуваат медиумите како во Холандија така и во Аргентина.

-Се претпоставува дека се работи за самоубиство-изјавил портпаролот на хландската влада за аргентинските медиуми.


Пред смртта Инес била вработена во владата на Аргентина, каде работела како службеничка во Министерството за социјален развој.

Медиумите наведуваат дека кралицата Максима е шокирана и уништена од веста за смртта на нејзината сестра. Според некои извори, Инес наводно страдала од депресија и имала проблеми со менталното здравје.