ТРАГИЧНО: Мајка претепала бебе и го фрлила во ѓубре

Добивај вести на Viber

Во Сараево, 18-месечно бебе било претепано и со многу сериозни повреди било транспортирано до Ургентниот Клинички Центар.

Како што полицијата вели, еден од минувачите, сакал да фрли ѓубре во канта за отпадоци, и одеднаш здогледал претепано бебе, за среќа бебето било се уште живо, но претрпело многу сериозни повреди.

Самохраната мајка, А.С., денес е притворена поради обид да го убие својот син, М.С., бидејќи како што таа изјавила, бебето имало лош ден и многу плачело, не можела да го поднесе и направила нешто трагично за бебето

Бебето за сега е добро и сигурно ќе биде испратено во Домот за незгрижени деца.

Како што е наведено, сопругот на самохраната мајка, одамна ги напуштил и ги оставил во лоши услови за живот, не плаќал ни алиментација, што можело да резултира со овој трагичен чин.