Здравје // Совети
Треба ли да се загрижиме: Ниту еден од починатите 25 луѓе од ковид минатава недела не бил вакциниран
Министерството за здравство започнува со редовни анализи на неделно ниво, која секој петок ќе ја објавува во јавноста, а се однесува на процентот на вакцинирани меѓу позитивните случаи и починатите од Ковид 19 во државата. Во оваа анализа за вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
Во период 06.08 до 12.08.2021 на територија на државата 3.497 граѓани се позитивни од тестирани, од кои 450 биле целосно вакцинирани, односно само 12,8 отсто.
Голем процент, дури 87,1 отсто или 3.047 граѓани од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани.
Детали на Фактор тука.