Тренд на сезоната: Вамп усни за есенски денови и ноќи

Добивај вести на Viber

Есента е тука, а со неа доаѓа и еден од нашите омилени трендови во шминкањето - темниот кармин, кој со една апликација ни дава самодоверба и прави да се чувствуваме како фетална жена.

Ако го оставиме емоционалниот дел настрана, тоа е лесен начин да се фокусирате на дел од вашето лице кога немаме многу време да играме со нагласени очи. Како што вели Ријана во интервју за „ELLE“, карминот е нејзиниот омилен производ бидејќи го одвлекува вниманието од какви било недостатоци.

Темно кафеавите, црвените и црните нијанси на усните не се само за Ноќта на вештерките. Користете ги во есенските денови за посмел и подраматичен изглед, како и за вечерите во кои сакате да се истакнете.

Погледнете во галеријата неколку визии од црвениот тепих, кои не би биле исти без нивниот темен кармин:

Фото:Getty