Моден фокус // Трендови
Тренди брачна двојка: Џесика Бил во комплетот на сезоната, Џастин Тимберлејк шик и елегантен (ФОТО)
На премиерата на нејзината нова серија, „Candy“ во Лос Анџелес, актерката Џесика Бил пристина во придружба на нејзиниот сопруг музичарот Џастин Тимберлејк.
40-годишната актерка демонстрираше изглед за 10-ка на црвениот тепих, носејќи дводелна бела креација составена од широки панталони и маичка. Минималистичкиот аутфит го заокружи со златен накит.
Нејзиниор сопруг пак, 41-годишниот пејач изгледаше елегантно во црн шик костум во негов препознатлив стил.
Џесика ја игра главната улога во серијата „Candy“, која е снимена според вистинска приказна за домаќинката Кенди Монтгомери, која била обвинета за убиството на нејзината пријателка Бети Гор во 1980-та година во Тексас. Кенди имала афера со сопругот на Бети, Ален.
Извор: www.dailymail.co.uk