Тренерот ме силуваше по 3 пати на ден, повеќе од 400 пати вкупно: Ми кажа дека има Сида, сакав да си го одземам животот (ВИДЕО)
Поранешната
француска тенисерка Анжелик Каучи (36) откри дека поранешниот тренер Андру
Гедис (56) за две години ја силувал над 400 пати.
Француски тренер е осуден на 18 години затвор за сексуално злоставување на четири тенисерки. Една од жртвите на ова чудовиште била несреќната Ангелик која имала само 12 години кога почнала да тренира со Гедис.
Каучи сведочеше пред истражната комисија која беше формирана за да ги идентификува недостатоците во спортските федерации и спортските управни тела. Поранешната тенисерка во својата шокантна исповед ги открила ужасните детали од пеколот што го доживеала.
Таа истакна дека Гедис ја принудил на секс кога имала само 12 години. Таа изјавила дека ја натерал да поверува дека тоа е нормална практика меѓу играч и тренер бидејќи „поминуваат многу време заедно“.
Конкретниот инцидент се случил за време на 15-дневен камп во Ла Баул во западна Франција.
-Ги живеев најлошите две недели од мојот живот. Многу пати размислував за самоубиство. Ме силуваше три пати на ден. Првата вечер кога ме замоли да дојдам во неговата соба, јас не го направив тоа, па тој влезе во мојата. Беше полошо. Бев во затвор, не можев да излезам, а потоа бев принуден да останам на местото каде што се случи.
Каучи се сеќава точно колку скали ги делеле нивните соби. Во својата изјава таа ги опиша како 13 чекори до теророт.
Поранешната тенисрка тврди дека Гедис имал поддршка од претседателот на клубот, бидејќи носел титули.
-Во светот на тенисот беше познато дека неговото однесување кон младите девојки не е коректно. Кога една жена му се пожали на претседателот на клубот, одговорот беше: „Знам, но тој ни носи титули.
Во 2021 година, монстунот беше осуден на 18 години затвор за силување и сексуален напад на четири девојчиња на возраст од 12 до 17 години.
Гедис емотивно ја уценувал Анжелик. И кажале дека има Сида па пет години несреќната девојка била убедена дека боледува од оваа неизлечива болест.
-Помеѓу 13 и 18 години живеев мислејќи дека имам СИДА, изјавила тенисрката.
Против насилникот сведочеа и други жртви. Тие истакнаа дека тренерот ги принудувал да ги прекинат врските со нивните семејства и пријатели, ги силувал во својот автомобил, во соблекувалните и за време на тренинзите.
Видео од судењето: