Трета година „Академска пракса – Аџибадем Систина“ – повторно се проширува програмата за студентите

Добивај вести на Viber

Продолжува реализацијата на проектот „Академска пракса – Аџибадем Систина“.Tрета година студентите од Факултетот за медицински науки при УГД – Штип имаат можност да следат практична настава и да изведуваат практични вежби во најсовремената приватна болница во земјата.

Од огромно значење е што оваа година, програмата за студентите и можностите што ги нуди КБ „Аџибадем Систина“ повторно се прошируваат со отворање можност за студентите за следење на практични вежби на одделите за педијатрија и гинекологија.

„Ги следиме потребите на студентите и заедно со целиот тим на КБ ‘Аџибадем Систина’ наоѓаме соодветни решенија, со цел во секој аспект да придонесеме за професионално усовршување на студентите што извршуваат пракса или следат практични вежби во болницата. Благодарение на отвореноста на болницата и кооперативноста на сите што се дел од тимот, студентите имаат можност да бидат дел од  проект што секоја година се проширува и надградува“ – вели професор д-р Андреј Петров, специјалист по дерматовенерологија и професор на Факултетот за медицински науки при УГД – Штип.

Минатата година покрај практичната настава, која ја следеа голем број студенти, ротирајќи на одделите за интерна медицина,  хирургија, педијатрија, гинекологија, првпат студентите имаа можност да посетуваат и практични вежби по онкологија и офталмологија, согласно со нивната наставна програма.

„Покрај комплексноста што со себе ја носи системот на најсовремената приватна болница во земјата, целта на КБ ‘Аџибадем Систина’е да отвори што повеќе можности за студентите, така што развивањето на проектот ‘Академска пракса - Аџибадем Систина’ се движи токму во таа насока. Така, со овој новитет, кој започна од оваа година, вклучувањето практични вежби и на одделите за педијатрија и гинекологија, КБ ‘Аџибадем Систина’ стана единствената медицинска установа во земјата, која покрај можноста за следење практична настава нуди и можност за изведување на практични вежби на одделите за онкологија, офталмологија, педијатрија и гинекологија“  – додава проф. д-р Петров.

ПР објава