Здравје // Совети
Третмани кои не би требало да ги правите пред венчавка
Хемиски пилинг на лицето идеално е да го направите најмалку две недели пред венчавката.
Микродермабразија на лицето исто најмалку две недели пред венчавка.
Ако овој третман го правите за прв пат и не знаете дали вашето лице ќе реагира, тогаш потребни ви се неколку недели однапред.
Ако правите јапонско исцртување на веѓи, идеално е тоа да се направи три месеци пред венчавката.
Така е подобро за да немате отечена кожа, иако резултатите од овој третман може да се одлични.
Ако ставате ботокс, тоа да се направи пет или шет недели претходно.