,

„Трето, па машко! Ти ќе бидеш нашиот херој“: Добредојде во семејството, д-р Ристо Симеонов доби син

Добивај вести на Viber

„Трето па машко... Добредојде Миха  Ти ќе бидеш нашиот херој “, напиша познатиот детски хирург Ристо Симеонов на социјалните мрежи објавувајќи го раѓањето на синот.

Ова е трето дете за Д-р Симеонов, познат како хирургот кој прв во Македонија изведе операција на трансплантација на бубрег кај дете. Со сопругата д-р Камелија Симеонова, специјалист детски психијатар, веќе ја имаат двегодишната ќерка Мелисија, а докторот ја има и ќерката Леона од првиот брак.

Д-р Симеонов е детскиот хирург кој ја оперираше малата Срна чиј случај будно го следеше јавноста и се радуваше на успешната операција и нејзиното закрепнување и заминување дома.

Неговите пријатели и следбеници на социјалните мрежи не штедеа честитки и убави желби по повод раѓањето на синот Миха.