Три деца КОШМАР, четири деца ПЕСНА: Дали се согласувате?

Мајчинството е тешко. Но сепак еден заклучок вели дека мајките со три деца заслужуваат посебна восхит.

Зошто? Бидејќи, според многу мајки, воспитувањето на три деца е најтешката работа во родителството.

Една студија покажа дека три деца можат да предизвикаат огромно ниво на стрес кој е неспоредлив со било кој тип на воспитување. 

Истражувањето на TODAYMoms.com, спроведено во април 2018-та година, побара од 7.000 мајки од САД да раскажат колку стресно се чувствуваат. Истражувачите потоа ги процениле нивоата на стрес на мајките како се поврзани со бројот на деца што ги имаат.

Но, спротивно на она што би го очекувале, нивото на стрес не се зголемува експоненцијално со секоја принова во семејството.

Всушност, мајките кои имаат четири деца - пример како семејството Кардашијан- Ким, Кортни, Кло и Роб - имаат најниско ниво на стрес.

Џил Смоклер, мајка на три деца и блогерка, изјави дека статистиката е многу точна, велејќи:

 „Одењето од едно на две деца беше лесно, лабава транзиција. Две на три деца, сè беше превртено наопаку. Не се чувствувам како да можам да си го средам животот. Имаш само две раце! Самото тоа што кога ја поминуваш улицата не можеш да го држиш сите три за рака е стресно! Искрено, чудо е што овие мајки имале време да одговорат на истражувањето на прво место.“

Според њујоршкиот психијатар и мајка на четири деца д-р Џенет Тејлор, нивото на стрес може да се намали по четвртото дете само затоа што мајките на крајот учат да се олабават и да престанат да се обидуваат да ја контролираат секоја мала работа.

- Очигледно, нема доволно простор во твојата глава за да се грижиш за родителскиот перфекционизам кога имаш четири или повеќе деца - вели таа.

Истражувањето покажа дека 60 отсто од мајките велат дека чувството на ограничено време да направите се што треба за вашите вашите деца - како и сè друго - предизвикува најмногу стрес.

Што е со прашањето за родот на децата и неговото влијание? 60 отсто од анкетираните мајки рекоа дека воспитувањето на девојчињата е понапорно од воспитувањео на момчињата.