Три грешки кои ги прават дамите кога купуваат сандали на високи потпетици

Добивај вести на Viber

Вистинските чевли со потпетици ја прават жената уште поатрактивна, сексапилна и привлечна. Меѓутоа, доколку чевлите во потполност не одговараат на вашето стапало, а особено ако се на високи потпетици, сигурно нема да се лесни за носење, па дури и за подолг временски период.

Ако се задржите до некои поедноставни правила, веројатноста дека ќе пронајдете удобен пар чевли за себе е значајно голема. Затоа посветете внимание на овие три чести грешки при купувањето на своите нови сандали со потпетици.

1.  Купувате сандали наутро

Чевлите најдобро е да ги купувате на крајот од денот. Тогаш стапалата се благо отечени од целодневното движење. Ако на крајот од денот стапалата не ве болат при пробувањето на сандалите, поголеми се шансите дека нема да ве болат ниту на забавата подоцна.

2.  Не обрнувате внимание на материјалот

Чевлите од вистинска кожа секогаш имаат предност – бидејќи се прилагодуваат на обликот на стапалото за времето на движење кое го правиме и на топлина и на влажност. Чевлите од ефтина вештачка кожа не се прилагодуваат толку лесно на стапалото и секако не веднаш, па често не притискаат и се доста неудобни. Доколу пак купувате чевли од вештачки материјали, тогаш треба да внимавате дали се направени од високо квалитетна вештачка кожа или од ткаенина.

3.  Не ги облекувате и соблекувате барем пет пати

И ова може да звучи чудно и напорно, но е исто така многу корисно. Дури после повеќекратно облекување и соблекување, сигурно ќе ги почувствувате местата кои би можело да ви го притискаат стапалото подоцна при носењето.