Три клучни модни парчиња во ормарот на Кејти Холмс: Одличен избор за секојдневни лежерни и шик комбинации

Добивај вести на Viber

Не заборавајте да ги вклучите овие парчиња од нејзината листа во вашите секојдневни комбинации!

Некрунисаната кралица на уличниот стил во интервју за „Vogue“ објасни како успева секогаш да изгледа толку лежерно, а во исто време и шик.

Не ѝ недостига самодоверба ниту во модните комбинации на црвениот тепих, но се чини дека улиците на Њујорк се нејзината модна писта.

Во нејзината гардероба има три клучни елементи кои ѝ обезбедуваат беспрекорен изглед, особено во летните месеци.

Цветен фустан

View this post on Instagram

A post shared by City Magazine (@citymagazine_rs)


Цветните фустано се нешто без кое Кејти не може да ја замисли својата гардероба, ја обожава нивната женственост, удобност и колку лесно се комбинираат со сè - половина работа ја решавате со едно парче.

За Кејти, ненадмината дизајнерка на овие дизајни е Кејт Спејд.

View this post on Instagram

A post shared by Suri Cruise and Katie Holmes (@suricruisekatieholmeslove)


„ Сакам што нејзината облека е проткаена со весела енергија. Во текот на пролетта, одлично е да се носи весел фустан со цвеќиња и да се почувствува возбудата од промената на годишното време. Исто така, ми се допаѓа како класичните јакни стојат со оваа забавна гардероба.“ , изјави Кејти.

Фармерки и бела маичка

View this post on Instagram

A post shared by  (@katieholmesfans)


Не може да си ги замисли секојдневните прошетки без оваа едноставна и удобна комбинација.

„Мислам дека секогаш треба да имате фармерки и добра маичка без ракави“, објаснува актерката која повеќе сака опуштени и широки кроеви наместо тесни фармерки.

Макси здолниште


„Навистина секогаш сакам да ми биде удобно, па често се одлучувам за ова здолниште, мислам дека е незаменливо парче облека во мојот плакар.“ , објасни Холмс.

Долгото макси здолниште, како и сè друго, многу лесно се комбинира со што и да посакате, од интересни маици до топови или дури и костим за капење.

Кој би помислил дека патот до добриот стил е толку едноставен?


Извор: stil.kurir.rs