Три концерти и дружење со Влатко Стефановски во книжарница во Скопје
Влатко и ќе гостува во книжарницата Литература.мк на улица Македонија. Интервју со Влатко во „Астрорум“ ќе направи Бранка Костиќ-Марковиќ. Средбата во книжарницата е од отворен тип. Сите љубители на неговата музика ќе можат да присуствуваат додека се снима интервјуто, да се дружат со Влатко, и да го купат албумот „Мајчин јазик“ со негов потпис. Присутните гости ќе можат да му поставуваат прашања на Влатко
Вечерва, од 20.30 часот, во Македонската филхармонија, почнува серијата концерти на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски, со кои ќе го промовира новиот албум „Мајчин јазик“.
На обвивката од албумот е слика од мајката на Влатко, Нада од доцните четириесетти години, кога ја играла улогата на патувачката Ромка Маша во драмата „Жив леш“ на Толстој
Вториот концерт е утревечер, недела, а третиот во вторник, на 20 март. Во единствената слободна вечер, меѓу вториот и третиот концерт, во понеделник, на 19 март од 19 часот, Влатко Стефановски ќе гостува во книжарницата Литература.мк на улица Македонија. Интервју со Влатко во „Астрорум“ ќе направи Бранка Костиќ-Марковиќ. „Средбата во книжарницата е од отворен тип. Сите љубители на музиката на Стефановски ќе можат да присуствуваат додека се снима интервјуто, да се дружат со Влатко, и да го купат албумот „Мајчин јазик“ со негов потпис. Присутните гости во ќе можат да му поставуваат прашања на Влатко“, ни изјави но Бранка Костиќ-Марковиќ, новинар и уредник во Литература.мк.
Новиот албум е 35 издание на Стефановски, негов прв соло-акустичен албум, кој лани во ноември го издаде хрватската „Кроација рекордс“. „Бистра вода“, „Македонско девојче“, „Успаванка за Радмилу М“ од „Бијело Дугме“, „Јано мори“ и „Море сокол пие“ како бонус трака во која гостува Раде Шербеџија се дел од овој материјал. На обвивката од албумот е слика од мајката на Влатко, Нада од доцните четириесетти години, кога ја играла улогата на патувачката Ромка Маша во драмата „Жив леш“ на Толстој.
Влатко со оперската дива Весна Ѓиновска- Илкова на една од пробите пред концертите
„По толку години свирење и патувања, си дадов за право да направам еден интимен албум кој ќе се обраќа директно на увце на мојата публика. Како да си ме замолила да ти отсвирам нешто лично за тебе. Песните ги бирам по принцип: оние теми кои ми се драги и оние кои ми даваат можност за импровизација. А при тоа, и оние теми кои можам самиот да ги изведам, а да не фали музика. Избрав некои песни кои ми се на срцето драги, и ги отсвирев во 3-4 дена во моето студио, знаејќи дека сум доволно музички возбуден за да ги снимам. Бев доволно испровоциран од се што ми се случуваше. И на приватен план, и од сите мои концерти и патувања и искуства што сум ги собрал, и решив дека сум доволно храбар да седнам и да свирам сам, пред само еден микрофон.“, изјави Влатко во ексклузивното интервју за Женски магазин минатиот месец.
Во истата приказна, Влатко за прв пат прозборе за загубата на неговата сопруга, Гордана.
„Почина мојата сакана, драга сопруга со којашто поминав триесет и пет години. Тоа е еден огромна загуба за мене, една огромна дупка во мојата душа и се обидувам преку музиката да се спасам. Се обидувам свирејќи да го изразам сето она што се случува во мене, и за момент да најдам утеха, иако тоа е многу тешко. Сега се грижам за моите деца, ги решавам нивните проблеми, а кога ќе дојде ред и на мене, ќе решам некои и од моите проблеми“, изјави Влатко за „Женски магазин“.
Трите концерти во Скопје ги организираат „Баги комуникации“. Специјални гости се оперската дива Весна Ѓиновска-Илкова, групата „Љубојна“ и српската етно-пејачка Биља Крстиќ.
Милица Џаровска