Три лекции за заштита на срцето - што научивме за намалувањето на штетите?
Срцето е најважниот орган во
човечкото тело, а болестите на срцето и крвните садови се некои од најголемите
проблеми на денешницата. За тоа колку често не сме свесни дека малите чекори
можат многу да ја поправат општата здравствена состојба, зборуваа лекарите на
Вториот меѓународен кардиолошки конгрес што го организираше здружението HISPA
(Heart Infarction Stroke Prevention) во Република Српска.
Намалувањето на стомакот ја убива депресијата
Медитеранската исхрана е подобро решение за нашиот организам од константното консумирање традиционални локални специјалитети. Проф. д-р Весна Димитриевиќ-Среќковиќ, ендокринолог, објаснува дека медитеранската исхрана е всушност „нашата традиционална исхрана збогатена со маслиново масло и риба“.
Таа потврдува дека на овој начин се остварува подобрување на здравјето: „Имаме резултати кај луѓето кои се префрлиле на овој тип исхрана. Ваквиот режим на исхрана се покажа многу корисен за решавање на проблемите со замастен црн дроб, сексуална дисфункција, депресија, плодност. Може да се каже дека намалувањето на стомакот ја убива депресијата!„Д-р Среќковиќ додава дека ваквиот начин на исхрана го намалува обемот на струкот, па поздравата храна значи и подобар изглед, но и намалување на оштетувањата по целото тело.
Пушењето има алтернатива
Концептот за намалување на штетите води до помала изложеност на организмот на потенцијално штетни материи и може да се примени насекаде. Проф. д-р Тамара Ковачевиќ-Прерадовиќ го објаснува намалувањето на штетноста на примерот со пушењето: „Првиот чекор е да престанете да пушите и да го промените начинот на живот. Сепак, често наидуваме на луѓе кои не сакаат да престанат да пушат. Тогаш имаме можност за користење алтернативи, бидејќи пушењето не е генетика!“, јасна е професорката.
Професорката Прерадовиќ нагласува: „Пушењето е еден од факторите на ризик кој може да се модифицира и намали, и затоа треба многу повеќе да зборуваме за ова, но и за сите други фактори на ризик“.Таа го истакнува и значењето на одвикнување од пушење во примарната и секундарната заштита, но и важноста од барање алтернативи, за сите оние кои не сакаат да престанат да пушат.
Да почнеме со лесна прошетка
Професорот на Универзитетот во Белград, д-р Веско Драшковиќ, укажува на важноста од превенција во случај на влошување на физичкото здравје и вели дека за почеток е доволно да се пешачи неколку часа неделно за да се намалат потенцијалните штети. Значењето на оваа тема, професорот го сумира со зборовите: „На ова се посветив 46 години и како да сум на почеток. Областа на физичка култура е девалвирана“.
Професорот Драшковиќ, како и неговите колешки, го заклучува значењето од ширењето точни информации и вели: „Мило ми е што зборувам за здравјето, бидејќи животот е загрозен. Здравиот живот е здодевем, здравата личност е неинтересна, а здравата храна не е вкусна. „Човекот падна и полека стануваме запоставено општество“. Со ова се согласува и д-р Среќковиќ и заклучува: „Многу пореметувања се јавуваат поради недостаток на физичка активност, но и лоша исхрана, а без континуирана едукација не можеме да направиме ништо“.
ПР објава