Три торти, огромни балони, сѐ во знакот на Јутјуб: Сека Алексиќ не штедеше, направи гала прослава за роденденот на синот Јаков
Пејачката Сека Алексиќ го прослави 8-миот роденден на синот Јаков во семејната вила во Стара Пазова.
Сека му приреди гала прослава на наследникот, каде сѐ било во мотиви на Јутјуб. Малиот Јаков имал три роденденски торти, мафини, огромни балони, а пејачката направила и мал забавен парк во кој и самата играла за време на прославата.
Гордата мајка ги објавила деталите од прославата на својот Инстаграм профил.
„Ќе биде ѕвезда на Јутјуб“
Пејачката неодамна откри дека е наклонета кон тоа Јаков да биде ѕвезда на Јутјуб.
-Тоа е најголемата радост. Родендените веќе ги заборавивме, веќе не ги ни очекуваме, само чекаме подароци. Јаков сакаше синџир околу вратот. Тој смета дека е рапер и тоа не треба да му се негира. Морав да му купам машки, за да не ги носи моите ѓердани. Сакаше да носи синџир преку дуксер за на училиште, па му реков дека не е убаво. Двајцата се смешни. Имам сè за тој да биде ѕвезда на YouTube. Се шета сам по дома и се снима. Дури сега е свесен дека сум пејачка. Ќе го поддржам во тоа, само ќе му дадам насоки за тоа да биде дозирано и културно - вели Сека.
Фото: ИнстаграмИзвор: Blic.rs