Три утрински навики за успешен ден

Добивај вести на Viber

Дали се чувствувате уморни цел ден? Ако сакате да ја повратите својата енергија, научниците препорачуваат некои утрински навики. Кое е првото нешто што би требало да го правите наутро и кое може да го направи вашиот ден да изгледа добро и многу да влијае на вашата продуктивност.

Американската фондација за спиење спроведе студија која траеше околу една година. 39% од учесниците изјавиле дека имаа потреба од спиење повеќе во текот на работната недела. Научниците препорачуваат три работи кои ќе ви помогнат да се чувствувате многу попродуктивно.

Пуштете светлина во собата каде спиете

Темната соба ни помага да заспиеме, но го отежнува будењето. Зошто? „Светлината го потиснува хормонот за спиење мелатонин.“ Изгрејсонцето е природен начин на разбудување на организмот. Осигурајте си дека ќе ја пуштите светлината наутро во време на изгрејсонцето. Може да поставите тајмер за да се запали ламба со сино-бела сијалица што имитира сончева светлина.

Не тренирајте премногу рано

Тренинзите се несомнено одлична навика за нашата енергија и здравје. Но, рутинското будење исклучува интензивни тренинзи како кревање тегови, тежок велосипедизам и спринт. Наутро треба да правите тренинзи со низок или умерен интензитет како јога или истегнување.

Ладен туш

Студен туш наутро, дури и во зима, е нешто што го практикувале и нашите предци. Студената вода наутро го активира симпатичкиот нервен систем и го зголемува адреналинот.



Фото: feepik.com