Триглав со добри резултати во 2019 година
Моментално работењето е прилагодено на тешките услови
Надзорниот совет на Заваровалница Триглав на седницата одржана на 30.03.2020 година го потврди ревидираниот годишен извештај на Групацијата Триглав и на матичното друштво за 2019-та година. Групацијата, која располага со висока бонитетна оцена „А“, во своите 120 години работа ја задржа финансиската стабилност и добрата капитализираност. Минатата година работеше успешно и постигна 100,9 милиони евра добивка пред оданочување (индекс 104), поврат на капиталот од 10,9 проценти и 1.184 милиони полисирана премија од осигурување (индекс 111). Во моменталните тешки услови на епидемија работењетона Групацијата се одвива непрекинато, а изведувањето на услугите е прилагодено на поединечните пазари. Поради високо нестабилното опкружување, Групацијата сеуште не може да даде сигурна проценка на влијанието на моменталните услови на нејзиното работење.
Моментални услови на работа. Претседателот на управата Андреј Слапар: „Во годинешниве, за сите тешки услови, нашата Групација влезе финансиски цврста, што го потврдуваат добрите резултати во 2019-та година. Нашата мисија е создавање на сигурна иднина за сите наши членови, поради тоа, во условите на епидемија, по приоритет донесовме мерки за заштита на здравјето на вработените, клиентите, партнерите и другите членови. Работењето се одвива непрекинато, а со ризиците, во моменталните услови на епидемија и состојбата на финансиските пазари, управуваме внимателно и сеопфатно. При нудење на нашите услуги, користиме решенија што ги воспоставивме во стратешките процеси на развој во последниве години, пред сè, воведување на повеќеканален пристап на продажба за клиентите и дигитално решение за работење без хартија и на далечина. Имплементацијата на нашата стратегија, на која што и натаму сме посветени, ќе ја прилагодуваме согласно специфичните услови на работа. Во моменталните услови на епидемија и состојбата на финансиските пазари, внимателно и сеопфатно управуваме со ризиците, а ефектот од кризата на годишниот обем на работа и на резултатите меѓу другото ќе зависи и од незиното траење.“
Распределба на нето добивка за 2019-та година и собрание на акционери. Спроведувањето на политиката на дивиденда од осигурување е подредено на среднорочно одржливо постигнување на целната капитална адекватност на Групацијата Триглав, која ќе биде земена во предвид во предлогот на Управата и Надзорниот одбор во врска со распределбата на акумулираната добивка за 2019-та година. Предлогот ќе биде формиран и објавен отприлика на 23.04.2020 година, заедно со повикот за собрание, којшто е планиран да се одржи на 26.05.2020 година. Осигурувањето ќе ги земе предвид условите и донесените насоки и мерки на надлежните институции, за што акционерите ќе бидат навремено известени.
Успешно работење во 2019-та година. Групацијата минатата година постигна 4 проценти повисока добивка пред оданочување (100,9 милиони евра) и нето добивка (83,9 милиони евра) во однос на претходната година. На добрите резултати влијаеа растот на обемот на работењето, дисциплинираното преземање ризици во осигурување и повисокиот поврат од инвестициите. Обемот на вкупната премија беше повисок за 11 проценти во однос на претходната година (1.184,2 милиони евра), а раст на премијата беше постигнат во сите три сегменти на осигурувањето и на сите пазари. Надоместувањето на штети, како дел од работата во 2019-та година се движеше во рамките на очекуваното. Комбинираниот количник на Групацијата изнесуваше поволни 91,5 проценти. Со цел постигнување трошковна ефикасност, во 2019-та година учеството на оперативните трошоци во однос на премијата се намали и тоа за 1,3 процентни поени на 23,2 проценти.Триглав, со своите единаесетдруштва има водечко место во регионот Адрија, а на крај на 2019-та година стана и водечки словенечки менаџер на инвестициски фондови. Обемот на средствата за управувањето во инвестициските фондови се зголеми за 68 проценти, на милијарда евра.
Финансиска стабилност. Групацијата сеопфатно управува со ризиците, спроведува конзервативна и стабилна реосигурителна заштита и внимателно управува со резервациите и капиталот. Адекватноста на капиталот на Групацијата на крајот од 2019-та година, споредено со претходната година се зголеми за 7 процентни поени на 223 проценти. Нејзиниот целен опсег, утврден со политиката за управување со капиталот на Триглав, според методологијата Солвентност II, изнесува помеѓу 200 и 250 проценти. Групацијата е соодветно подготвена да влезе во тешки економски услови предизвикани од епидемијата на глобално и регионално ниво.
Годишен извештај на Групацијата Триглав и Триглав Осигурување за 2019-та година. Интегралниот годишен извештај, кој што ги обединува финансиските и нефинансиските показатели, го носи насловот „Традиција или иднина? Ги задржуваме двете.“ Како што компанијата истакнува во извештајот, во средиште на нивните развојни активности се клиентите, на кои сака да им биде доживотен партнер, а промените во опкружувањето се следат со современи решенија за нивната финансиска сигурност.
Годишниот извештај е на словенечки и на англиски јазик, достапен на интернет адресите
https://letnoporocilo.triglav.eu/2019 i https://annualreport.triglav.eu/2019.