(ГАЛЕРИЈА) Трите диви и Стинг : Богат концерт на филмска музика во МОБ

Добивај вести на Viber

Кога музичарите на сцената се среќни и уживаат во својата изведба, тоа уживање лесно се пренесува и на публиката. Уште ако музиката е филмска, а пејачите и музичарите се класа, уживањето е од почеток до крај. 

Ова е накусо приказната за Гала филмскиот концерт, кој се одржа вечерва во МОБ.

Наде Талевска, Андријана Јаневска, Марија Димитријевиќ и Ѓоко Танески магично не пренесоа во безвременските приказни од големото платно, придружувани од Камерниот оркестар од Битола и музичари од МОБ, со кои диригираше Владо Димовски. 

Андријана, секогаш беспрекорно подготвена, блесна во „Стоп“ на Сем Браун, Ѓоко го испеа Стинг како „Shape od My Heart“ за него да е напишана, и моќно го отвори концертот со „Еye of the Тiger“. Секоја чест за Марија Димитријевиќ, која заводливо и ни го подари својот убав алт, а за Наде Талевска слободно може да се постави прашањето, дали е подобра дива од Дивата Инва Мула, во насловната тема од „Петтиот елемент“? 

И без претерување, нејзината изведба е рамо до рамо со оригиналот, за што сведочат стоечките овации од публиката. Совршен избор за неа беше и „And I Am Telling You I'm Not Going“ од Џенифер Хадсон, како и Џејмсбондовската „Golden eye“, која гордо ја изведе Андријана Јаневска. 

Скопје вечерва уживаше во ретко убава вечер, баш како на филм.

М.Џаровска